Кошарка

Јанис Адетукомбо заминува од Милвоки

Јанис Адетукомбо заминува од Милвоки

Милвоки Бакс е подготвен за разговори за размена на Јанис Адетокумбо.

Според инсајдерот Шамс Чаранија, неколку тимови веќе доставиле понуди, а Бакс ги разгледуваат.

„Повеќе тимови добија сигнал дека Милвоки е поотворен од кога било за понуди за Јанис, сè до крајниот рок“, пишува Чаранија.

Во исто време, клубот јасно стави до знаење дека нема да брза со донесување одлука.

Доколку не се исполни бараната цена – врвен млад играч и/или значаен пакет избори на драфтот, размената би можела да се одложи до меѓусезоната.

To top