Кошарка

МЗТ Скопје Аеродром со победа се враќа од Подгорица

МЗТ Скопје Аеродром со победа се враќа од Подгорица

Македонскиот кошаркарски шампион славеше во 7. коло од натпреварите во АБА 2 лигата против екипата на Подгорица со 67:54 и успеа да се пробие до 6. место на табелата.

Момците на Васко Атанасов на полувреме имаа веќе убедлива предност од 34:20, која потоа во третиот период беше зголемена и на 54:33.

Оваа висока предност на МЗТ Скопје А. му гарантираше победа, без разлика што гостите од почетокот на четвртиот период успеаја да направат серија поени, но не и да дојдат во поволна позиција да направат пресврт.

Танасковиќ со 14 и Војдан Стојановски со 13 поени беа најдобри поентери во составот на МЗТ Скопје, додека кај гостите се истакна Ивановиќ со 16 поени.

To top