Франција не успеа да се пласира во полуфиналето на ЕП, откако беше поразена од Германија во последниот меч од групната фаза со 38-34.
Од која позиција ќе одат во битката за финале, Германците ќе дознаат вечерва после завршување на мечот меѓу Данска и Норвешка. Франција беше немоќна од стартот на мечот, не поведе ниту еднаш на мечот.
Хрватска е вториот патник од групата 2 во полуфиналето, откако ја совлада Унгарија со 27-25. Во Хернинг оди од првото место, а со кого ќе игра ќе биде допрва познато.
Победата и тоа како е голема бидејќи избраниците на Сигурдсон постојано беа во негатива, во 47-та минута го запишаа првото водство на мечот (21-20).
Комплетниот распоред на одигрување на завршните мечеви во Хернинг ќе биде познат вечерва по завршување на мечот меѓу Данска и Норвешка,