Поради дефект на улицата Борис Трајковски бб (спроти Веро), денеска од 11:50 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:50 часот до завршување со санација на дефектот, информираа од ЈП Водовод и канализација – Скопје.