Македонија можности за проширување на соработката

Средба Сали-Соријано Ортиз: Блиски билатерални односи меѓу Македонија и Шпанија

Посебен фокус беше ставен на евроинтеграцискиот процес на Македонија, со акцент на важноста од напредокот во реформите и исполнувањето на европските критериуми.

Средба Сали-Соријано Ортиз: Блиски билатерални односи меѓу Македонија и Шпанија

Првиот заменик-председател и министер за европски прашања на Македонија, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Соријано Ортиз.

За време на средбата се дискутираа блиските билатерални односи меѓу Македонија и Шпанија, како и можностите за проширување на соработката во различни области, вклучувајќи ја европската политика, економијата, образованието и културата.

Посебен фокус беше ставен на евроинтеграцискиот процес на Македонија, со акцент на важноста од напредокот во реформите и исполнувањето на европските критериуми.

Исто така, на средбата се разгледа и реформската агенда која е во тек, со цел зајакнување на институциите, транспарентноста и подобрување на инвестициската клима, поставувајќи ја земјата поблиску до стандардите на Европската Унија. Двете страни изразија подготвеност за продлабочување на соработката и зајакнување на стратешките односи меѓу двете земји.

Најнови вести од Македонија

To top