Македонија водостој

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јануари

Податоците на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека единствено минимално намалување има на реката Брегалница кај Берово.

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јануари

Зголемено ниво на реките во однос на просекот за јануари се бележи денеска на Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и кај Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска Бања, на Струмица кај Сушево, на Црна Река кај Новаци, како и на Сатеска кај Ботун.

Податоците на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека единствено минимално намалување има на реката Брегалница кај Берово.

Водостоите на Охридското, Препанското и на Дојранското Езеро според денешните мерења, се во рамки на просекот за јануари.

Најнови вести од Македонија

To top