Свет прифаќала луксузни подароци

Поранешната прва дама на Јужна Кореја осудена за корупција

Пресудата сè уште не е конечна.

Поранешната прва дама на Јужна Кореја осудена за корупција

Поранешната прва дама на Јужна Кореја, Ким Кеон Хи, денеска беше осудена на 20 месеци затвор за поткуп, јави ДПА.

Окружниот суд во Сеул ја прогласи сопругата на поранешниот претседател Јун Сук Јеол за виновна за прифаќање неколку луксузни подароци и злоупотреба на нејзината позиција за лична корист. Оваа 53-годишна жена беше ослободена од обвинението за манипулација со акции.

Пресудата сè уште не е конечна.

Обвинителството првично бараше 15-годишна затворска казна. Ким е во притвор од август.

Јун, кој беше соборен во 2025 година, исто така е во затвор. Тој беше осуден на пет години затвор кон средината на јануари за попречување на правдата, потсетува германската агенција.

Во посебен судски процес обвинителите побараа смртна казна за Јун по обвинение за поттикнување, а пресудата се очекува на 19 февруари. Иако смртната казна останува законски во сила во Јужна Кореја, таа не се извршува речиси 30 години.

Јун неочекувано прогласи воена состојба на почетокот на декември 2024 година по ескалацијата на буџетскиот спор туркајќи ја земјата во длабока политичка криза.

Јужна Кореја од јуни ја води претседателот Ли Џе Мјунг, политичар од левиот центар и долгогодишен ривал на Јун, потсетува ДПА.

To top