Деновиве, многу македонски интернет портали ја лиферуваа лажната вест дека, наводно „Од Јули во ЕУ ќе може да возите само ако го имате вакво стоп светло“ и слични тривијални, ТРЧИ-ЛАЖИ наслови. На страна што кратката заменска форма ГО не припаѓа во насловот. Тоа е правописна гешка, се случува. лагата дека не може е друго. Овде има умисла.
Не е точно, можете да си возите и ќе си возите со вашите возила, новитетот се однесува САМО на новите возила произведени во ЕУ, отсега, па натаму. Се’ друго е лага!
Информацијата се однесува на сите НОВИ патнички автомобили и лесни комерцијални возила што првпат ќе се регистрираат во Европската Унија ќе мора да имаат вграден „сигнал за итно запирање“ – нова функција на стоп-светлата што треба побрзо и појасно да ги предупреди возачите позади дека возилото нагло кочи и дека постои зголемен ризик од судир одзади.
ЗНАЧИ, СО СИТЕ ОСТАНАТИ НЕ/НОВИ ВОЗИЛА, МОЖЕТЕ ДА И ВОЗИТЕ ВО ЕУ. БЕЗ НИКАКОВ ПРОБЛЕМ.
Новината е дел од поширокиот пакет правила за општа безбедност на возилата, со кои ЕУ постепено воведува задолжителни активни и пасивни системи за зголемување на безбедноста на патиштата.
Прашањето кое се поставува е – дали некој ќе одговара за ваквите лаги кои се дел од битката за кликови на девијантните портали, бескруполозен обид да добија уште некој клик на своја сметка?