На 27.01.2026 во 02:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје било опожарено патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Ч.(20) од Скопје.
-Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.