Промо ПРОМО

Милка Тодорова, Претседател на Управен одбор на УНИБанка АД Скопје: Довербата на клиентите силно нѐ мотивира за уште поголеми успеси

Милка Тодорова, Претседател на Управен одбор на УНИБанка АД Скопје: Довербата на клиентите силно нѐ мотивира за уште поголеми успеси

УНИБанка има уште една успешна година зад себе. Година на раст во сите сегменти од банкарското работење, унапредувања и воведување на современи дигитални решенија со јасен фокус на обезбедување високо ниво на корисничко задоволство. Банката уште еднаш ја потврди својата определба да биде силен партнер и поддршка на развојот на бизнис секторот, активен поддржувач на културата и спортот, како и општествено одговорна институција која придонесува кон подобрување на социјалната сфера.

Како банка која на домашниот пазар се перцепира како динамична, дигитално и европски ориентирана, УНИБанка со своето 33-годишно постоење создаде цврста и стабилна основа за да може со сигурност да одговори на финансиските и општествени предизвици.

Разговараме со Милка Тодорова, Претседател на Управен одбор на УНИБанка, искусен банкарски професионалец и секогаш инспиративен соговорник. Со неа разговараме за резултатите остварени во 2025 година, како и за идните очекувања, визијата и клучните трендови што ќе го обликуваат банкарскиот сектор во периодот што следува.

УНИБанка АД Скопје

Како ја оценувате 2025 година?

2025 година ја оценувам како исклучително успешна и стратешки значајна за УНИБанка. Веќе неколку години по ред остваруваме рекордни финансиски резултати, кои директно се рефлектираат во континуираниот раст на активата и зголемувањето на нашиот пазарен удел, а истовремено овозможуваат исплата на дивиденда на акционерите. Остварениот раст и стабилните резултати дополнително ја зацврстија позицијата на УНИБанка на македонскиот пазар, како доверлива и современа финансиска институција која успешно одговара на потребите на физичките лица и правните субјекти. Овие постигнувања се јасна потврда дека работиме во вистинска насока и дека нашата долгорочна стратегија создава одржлива вредност за сите засегнати страни.

Токму ваквата позиција и јасната стратешка ориентација ни овозможуваат да бидеме проактивни и иновативни во креирањето на нови финансиски решенија.

Во текот на минатата година беше извршена транзиција во составот на Управниот одбор, при што Орлин Ваташки, професионалец со значаjно банкарско искуство, беше именуван за нов член. Оваа транзиција овозможи континуитет во управувањето и поддршка на стратешките цели на Банката.

Како поддршка на корпоративниот сектор, изминатата година воведовме нов кредитен продукт – „Кредит за правни лица со ризико животно осигурување“, кој претставува прв продукт од ваков тип и е дизајниран да им овозможи на деловните субјекти поголема флексибилност и пристап до финансии во услови на зголемена пазарна неизвесност, динамични животни и економски околности и променливи деловни ризици.

Дополнително, Банката ја зголеми својата улога во придонесот на развојот на приватниот сектор преку учество во Унгарската кредитна линија, во соработка со Развојната банка на Р.С. Македонија. Обезбедиваме финансиски средства за инвестиции и развој на стопански капацитети, што е уште еден доказ за нашата посветеност кон стимулирање на економскиот развој на компаниите во земјата.

Обезбедивме интеграција на УНИБанка во СЕПА платежната област, овозможувајќи побрзи и поевтини платежни трансакции во евра. Со тоа дополнително ја зајакнавме европската димензија на Банката и ја зголемивме ефикасноста на меѓународните плаќања. Исто така, се изврши и надолна корекција на надоместоците во корист на клиентите, при што се овозможи поефикасно и поповолно извршување на платежните трансакции.

Посебно сум задоволна од значајниот пораст на бројот на дигитални корисници. Во текот на годината развивме и имплементиравме нови, иновативни дигитални решенија кои овозможуваат високо ниво на персонализирано искуство и едноставно, брзо и безбедно извршување на банкарските услуги. Како дел од тие иницијативи, воведовме и функционалност Visa+ за самостоен пренос на средства на картичка преку мобилното банкарство, со што клиентите парите ги добиваат во реално време. Овој чекор значајно ја унапредува дигиталната достапност на услугите и го зајакнува нивното задоволство и удобност при користење.

Со цел да им овозможиме на младата популација поголема финансиска слобода и поддршка во реализирањето на нивните цели, воведовме нов пакет за млади, UniQ. Водени од потребите на новите генерации, покрај привилегиите на Master Young картичката, овозможивме дополнителни бенефити како користење на времено бесплатен Netflix и можност за дозволено пречекорување, креирани да одговорат на животниот стил и финансиските навики на младата популација.

Ги поддржуваме младите и во купување на нивниот прв дом. Банката овозможи станбен кредит со 10% учество, кредитно решение прилагодено на младите генерации кое го олеснува патот до обезбедување сопствен дом.

Остваривме раст на кредитното портфолио и во двата сегмента, кредитирање на населението, како и на фирмите, а истовремено бележиме и стабилен раст на депозитната база

Оваа година бевте во фокусот на инвеститорите. Може ли да наведете барем неколку причини?

Интересот од инвеститорите е резултат на нашата јасна стратегија за диверзификација на инвестициските можности што ги нудиме на пазарот. Неодамна ја реализиравме четвртата емисија на перпетуална обврзница, која веќе котира на Македонската берза, со купонска загарантирана годишна каматна стапка од 6%. Станува збор за современ и атрактивен хибриден финансиски инструмент, кој предизвика значаен интерес кај инвеститорската јавност, особено кај оние инвеститори кои бараат стабилен принос и долгорочна сигурност.

Покрај тоа, во портфолиото на УНИБанка е вклучено тргување со инвестициско злато и сребро, што претставува дополнителна вредност за инвеститорите и штедачите. Овие инструменти овозможуваат креирање диверзификационо инвестициско портфолио, зачувување на вредноста на средствата, заштита од инфлација и вложување во инструменти кои традиционално покажуваат стабилност на долг рок.

Севкупно, ваквиот интерес е потврда на довербата што инвеститорите ја имаат во транспарентноста и долгорочната визија на Банката, како и во нашата понуда на иновативни и сигурни финансиски решенија прилагодени на различни инвестициски профили.

 

Дигитализацијата игра значајна улога во банкарскиот бизнис. До каде е УНИБанка на ова поле?

Дигитализацијата е еден од фокусите на Банката, активно вложуваме во иновации и современи дигитални решенија, сѐ со цел да обезбедиме современо банкарство и врвно корисничко искуство.

Голем процент од нашите активни клиенти се корисници на нашите дигитални услуги. Користат мобилно и електронско банкарство за плаќања, но и за планирање на трошоците и заштедите. Извршуваат онлајн операции, без потреба од посета на експозитура и тоа го прават целосно безбедно, со максимална заштита на личните и банкарските податоци. Со ова заштедуваат време и пари, добиваат поголема ефикасност и едноставност во управувањето со финансиите.

Како ја задржувате довербата на клиентите?

Отворената комуникација со нашите клиенти е основа што ја карактеризира нашата работа. Внимателно ги слушаме нивните потреби, ги следиме пазарните трендови и економските услови и врз основа на нив креираме продукти и услуги кои се најдобри за клиентите.   Обезбедуваме конкурентни каматни стапки, едноставни и брзи процедури, кредити без скриени трошоци со целосно транспарентен процес, како и продукти прилагодени на потребите на различни целни групи.

На овој начин, довербата не е само резултат на финансиската стабилност, туку и на нашата посветеност да бидеме вистински партнер кој разбира, слуша и создава додадена вредност за секој клиент.

Како Банка се грижите за своите вработени, но и за пошироката заедница. Кажете нешто повеќе за ова?

Вработените се нашата најголема вредност и темел на секој успех. Веруваме во нивниот потенцијал и вложуваме во нивна континуирана едукација, развој на професионални и лидерски вештини, бидејќи со нивната посветеност и стручност, секоја наша визија станува возможна.

Грижата за локалната заедница е неизоставен дел од нашата корпоративна стратегија. Веќе неколку години по ред сме поддржувачи на спортот, културата и уметноста. Веруваме дека поддржувајќи ги Скијачката и Тениската федерација, како и пливањето, ракометот, велосипедизмот, фудбалот и шахот, активно придонесуваме за развојот на младите и поттикнуваме здрави навики. Во областа на културата и уметноста, поддржуваме низа настани, меѓу кои културната манифестација Охридско лето, а сме и генерален партнер на Fashion Weekend Skopje, преку кои се афирмираат традицијата, современото творештво и младите уметници. Нашата посветеност е да овозможиме креативноста и културното изразување да добијат соодветна поддршка и видливост, верувајќи дека токму тие се важен двигател на општествениот развој и современиот идентитет на заедницата.

Водени од принципите на солидарност и општествена одговорност, поддршката ја насочуваме онаму каде што е најпотребно, преку донации и иницијативи кои ѝ помагаат на заедницата да се справи со предизвиците и да ја зајакне својата стабилност. Во тој контекст, минатата година обезбедивме финансиска поддршка за погодените во Кочани

На овој начин, УНИБанка гради силни врски со своите вработени и со заедницата, потврдувајќи ја својата улога не само како финансиска институција, туку и како одговорен и активен член на општеството.

За крај, што е вашата порака до јавноста за 2026 година?

На сите им посакувам пред сè добро здравје и здрави животни навики, како темел на личниот и професионалниот успех. Со посветена работа и мудро управување со финансиските средства се гради стабилна иднина, а ние како Банка во 2026 година влегуваме финансиски силни и стратешки фокусирани, подготвени и посветени да бидеме тука за граѓаните и економијата како сигурен и доверлив партнер.

Најнови вести од Промо

To top