Крокс и Лего Групацијата објавија глобално, повеќегодишно партнерство дизајнирано да ја прослави индивидуалноста, бојата и креативноста. Првото издание веќе предизвика големи реакции на интернет: LEGO Brick Clog, смел нов дизајн кој ја трансформира класичната силуета на Крокс во светло црвена ЛЕГО коцка што всушност можете да ја носите.

Лего кломпите во ограничено издание, кои ќе бидат во продажба на 16 февруари, чинат 150 долари. Секој пар колекционерски чевли доаѓа и со Лего минифигура со четири пара од нивните минијатурни Крокс.

-Безграничната имагинација на ЛЕГО Групацијата ги прави совршени за прекрасно необичниот дух на Крокс. Се гордееме што сме изградени поинаку, славејќи го самоизразувањето и охрабрувајќи ја креативноста. Едвај чекам нашите обожаватели да видат што создаваме заедно – навистина го скршивме калапот на начин што никогаш порано не сме го направиле, изјави главниот директор за маркетинг на Крокс, Карли Гомез.
View this post on Instagram
Лего кломпата е направена од истата гумирана пластична пена како и другите кломпи на Crocs со ѓон дизајниран да личи на долната страна на Лего коцка.