Хроника

Тешка сообраќајка кај Непроштено: Петмина повредени, две лица итно пренесени на Клинички

Тешка сообраќајка кај Непроштено: Петмина повредени, две лица итно пренесени на Клинички

На 25.01.2026 во 22:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат с.Јажинце – Тетово, во близина на влез за с.Непроштено, се случила сообраќајна незгода помеѓу три патнички возила „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувани од Е.С.(25) од с.Слатино, А.И.(55) од с.Доброште и А.Ј.(19) од с.Слатино.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.С. и неговиот сопатник Б.С.(36), кои по укажаната помош во Клиничка болница Тетово, поради сериозноста на повредите се префрлени во Комплекс клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје. Исто така, со тешки телесни повреди се здобила и Ш.В.(45) од с.Доброште, сопатничка во возилото „голф“ управувано од А.И., кој се здобил со телесни повреди, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Со телесни повреди се здобил и возачот А.Ј. од с.Слатино, а увид на местото извршила екипа од СВР Тетово во координација со јавен обвинител.

Најнови вести од Хроника

To top