Свет „Волстрит џурнал“

Кинескиот генерал Џанг обвинет за шпионирање во корист на САД

Кинескиот генерал Џанг обвинет за шпионирање во корист на САД

Највисокиот кинески генерал Џанг Јуксија е обвинет за пренесување информации за кинеската програма за нуклеарно оружје на САД и за примање мито, објави „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на неименуван извор.

Истрагата против потпретседателот на Централната воена комисија на Кина (ЦВК), Џанг е поради што тој наводно создал „политичка клика“ за да изгради „мрежа на влијание“ и со тоа го злоупотребил својот авторитет во ЦВК.

Тој се сомничи и дека примал мито во замена за унапредување во највисокото тело на Комунистичката партија за носење на воени одлуки.

Џанг се товари и дека наводно му помагал на поранешниот кинески министер за одбрана Ли Шангфу да напредува во замена за мито.

Кинеското Министерство за одбрана вчера соопшти дека Џанг е под истрага поради сомневање за тешко кршење на дисциплината и законот.

Најнови вести од Свет

To top