Останати спортови ОФМ

Наковски Волеј држи победничко темпо, Фит Фан му „скина“ бод на Младост УГД

Колото ќе биде комплетирано утре кога шампионот Јанта Волеј КВ го пречекува Пелистер Волеј.

Наковски Волеј држи победничко темпо, Фит Фан му „скина“ бод на Младост УГД

Екипата на Наковски Волеј ја продолжи победничката серија во Првата македонска одбојкарска лига за жени. Во дербито од 10. коло кое викендот се одигра во СЦ „Форца“ во Скопје лидерот извојува максимална победа над Газели Волеј.

Фит Фан Волеј пријатно изненади на почетокот на втората полусезона одземајќи му бод на Младост УГД (2:3), кој важеше за фаворит во дуелот. Скопскиот состав потврди дека промените на полусезоната може да одиграат улога во нивниот настап пролетва. Фит Фан Волеј имаше и предност од 2:1 во сетови, но сериозниот пад во играта, како и решителноста на Младост УГД да не си дозволи „кикс“ на отворањето пресудија во финишот на мечот.

Резултати на средбите од 10.коло во Прва лига за одбојкарки:

Вардар ЕМ – Ускана 3:0 (25:10, 25:11, 25:10)

Газели Волеј – Наковски Волеј 0:3 (24:26, 19:25, 23:25)

Фит Фан Волеј – Младост УГД 2:3 (25:21, 22:25, 25:20, 9:25, 10:15)

Струмица Жени – Работнички Скопје 0:3 (12:25, 11:25, 13:25).

Колото ќе биде комплетирано утре кога шампионот Јанта Волеј КВ го пречекува Пелистер Волеј.

Поврзани теми

To top