Иако битолчани имаа постојано водство, гостите од Скопје не се предаваа и успеваа да се враќаат во игра.

На полувремето резултатот беше 47:44, а највисоката предност на „зелено-белите“ изнесуваше девет поени (74:65). На почетокот од последната четвртина. Работнички со тројката на Ефремовски и поените на Наков стигна до минимално водство (81:82).

Но клучниот момент го имаше Никола Малешевиќ кој погоди тројка на една минута до крајот и ја обезбеди победата за Пелистер.

Кај домашните, Дејвис беше најефикасен со 25 поени и девет скока, Малешевиќ додаде 21 поен.

Работнички имаше петмина двоцифрени стрелци, а новајлијата Лука Петровски со 19 поени беше најефикасен