Вести Македонија интервју

Татеши: Согорувањето отпад во цементарите е „најдобра достапна техника“

За разликата во перцепцијата не би можела да одговорам, јас можам да го кажам што го покажуваат извештаите од инспекциските надзори. Сите гранични вредности пропишани во дозволата, извештаите покажуваат дека не се надминуваат. Би сакала да упатам дека треба малку повеќе да се верува на тоа што институцијата го утврдува.

Татеши: Согорувањето отпад во цементарите е „најдобра достапна техника“

Користењето отпад како алтернативно гориво во цементарите, вклучително и во „Усје“, треба да се зголеми, бидејќи така ќе се подобрат еколошките перформанси на индустријата, вели Беса Татеши од Министерството за животна средина и просторно планирање во интервју за Радио Слободна Европа.

Граѓаните протестираат и ја блокираат Цементарница Усје поради загадувањето на воздухот, а Државниот инспекторат тврди дека неправилности нема. Зошто постои таква разлика меѓу перцепцијата на јавноста и наодите на институцијата?

Цементарница Усје поседува А-интегрирана еколошка дозвола како сите други инсталации коишто се наоѓаат во Скопје, и се околу 40 на број. Значи, имаме 40 субјекти во град Скопје коишто работат согласно дозволата, една од нив е Усје. За разликата во перцепцијата не би можела да одговорам, јас можам да го кажам што го покажуваат извештаите од инспекциските надзори. Сите гранични вредности пропишани во дозволата, извештаите покажуваат дека не се надминуваат. Би сакала да упатам дека треба малку повеќе да се верува на тоа што институцијата го утврдува.

Дали заклучоците на инспекторатот се врз основа на независни ненајавени мерења со ангажирање на независна акредитирана лабораторија, или се врз основа на тоа што им го дава Усје од нивните соствени мерења?

Согласно законот и сите други стандарди во земјава и во Европа, мониторингот е обврска на самиот оператор, на самата инсталација, односно на тој што го генерира, мора да биде селф-мониторинг. Затоа постои инспекторатот, за да утврди дали тој мониторинг, тие податоци кои се доставуваат се согласно лабораториските извештаи. Инспекторатот има обврска да направи увид во инсталацијата, некогаш најавен, некогаш ненајавен, и доколку има сомнежи, може да земе примероци од фабиката, оџакот или можеби отпадните води и да изврши мерења во сертифицирана лабораторија.

Го прави ли тоа институцијата?

„Апсолутно да, доколку се појави сомнеж. Не е согласно законските одредби тоа секогаш да се прави.

Граѓаните бараат поставување на независни мерни станици околу Усје, бидејќи не веруваат во сопствените мерења на компанијата. Може ли Министерството да иницира поставување на независен мониторинг на индустријата?

Тоа е можно, зошто да не? Но сакам да нагласам дека новиот закон за контрола на индустриски емисии предвидува за сите кои имаат обврска за континуиран мониторинг, еднаш годишно да се направи ревизија на тој мониторинг од независна сертифицирана лабораторија.

(Сегашната А-интегрираната еколошка дозвола на Усје истекува во март.) Дали компанијата ќе биде обврзана при обновувањето на дозволата да примени Најдобри достапни техники?

Апсолутно. И со постојниот закон постои таа обврска, но измената е во тоа што новиот закон ги смета Најдобрите достапни техники како задолжителни. Секој услов во дозволата ќе мора да биде базиран врз Најдобрите достапни техники.

4-Ќе значи ли тоа дека Цементарница Усје ќе треба да инсталира филтри за пречистување на гасовите од тешки метали и да спроведува редовни мерења на нивната концентрација, имајќи предвид дека во производството фабриката користи петрол-кокс кој може да содржи тешки метали?

Сето тоа веќе постои кај нив. Постојат техники и технологии, вклучувајќи филтри за тој тип на полутанти, а тоа се докажува со мерења со фреквенција која што е пропишана во дозволата.

Меѓутоа, во извештаите што ги доставува инсталацијата нема параметар што мери тешки метали, има само прашина, азотни оксиди и сулфур диоксид.

Тие се параметри кои се мерат континуирано, а тешките метали исто така мора да се мерат. Користењето на петрол-кокс е гориво кое согласно Најдобрите достапни техники е обавезно во индустријата за производство на цемент, затоа што некои гасови кои излегуваат од петрол-кокс, како SO2, влегува во продуктот. Користење на петрол-кокс е обавезно во индустријата за производство на цемент.

Според која регулатива ќе се издаваат новите А-интегрирани дозволи на индустријата – според актуелниот Закон за животна средина или според новиот Закон за контрола на индустриски емисии кој ќе стапи на сила за две години?

Ако се аплицира сега, мора да се примени сегашниот закон. Но, бидејќи имаме нов закон, ние ги упатуваме компаниите дека е подобро за нив да ги применат технологиите од новиот закон сега, за да не мораат да вршат скапи надградби за две години. Имаат право да аплицираат согласно постоечкиот закон, но ние упатуваме за да немаат дополнителни трошоци за две години, да ги усогласат своите параметри согласно новиот закон.

Што презема Министерството за спречување на аерозагадувањето во Скопје и другите градови?

Минатата година формиравме работна група во Министерството која ќе следи квалитет на амбиентален воздух, особено во зимскиот период. Во оваа работна група учествуваат претставници од секој сектор со свои надлежности. Таа работна група генерираше акциски план за зимскиот период кој ќе биде активиран секоја зеима. Во овој план има краткорочни мерки кои го ублажуваат загадувањето, не го отстрануваат целосно. За долгорочно решение, мора да се насочиме кон имплементација на долгорочни мерки кои не зависат само од Министерството, туку од Владата, како гасификација која треба да се донесе до корисникот и други мерки кои веќе сме ги кажале. Проблемот со загадениот воздух е комплексен, бара соработка со сите институции кои имаат ингеренции, за еден дек да кажаеме дека е исчистен. Извештаите кои се прават во Министерството секоја година, може да се види дека постои пад на бројот на денови со надмината концентрација на ПМ10 честички.

Можно ли е овие големи инсталации да користат гас наместо петрол-кокс?

Ако ние како Министерство го применуваме законот правилно, во него се опишува начинот на користење на јаглен, петрол-кокс и гас. Ние не смееме да наметнуваме кое гориво ќе се користи. Морам да укажам дека некои индустрии не можат да работат само на гас. За цементарниците, вклучетелно Усје, спас е да го намалат процентот на користење на конвенционални горива, со алтеративни горива, односно отпад, кој што веќе не може да се рециклира. Користење на алтернативни горива, наместо конвенционални во цементарници е најдобра достапна техника. Постојат европски примери каде цементарниците користат 70 проценти користат алтернативно гориво (отпад) и 30 проценти конвенционално гориво.

Најнови вести од Вести Македонија

To top