Тиквеш со изменет состав и неколку нови странски засилувања успеа да ја прекине серијата на неуспешни игри.
Кавадарчани до двата бода дојдоа со одлична игра во последната четвртина, а го совладаа Гостивар со резултат 81:73.
Најрасположен беше Глигоријевиќ со 25 поени и седум скока, а веднаш зад него Хоукинс кој реализираше 21 поен и придодаде седум скока и седум асистенции.
Феникс беше убедлив на гостувањето кај Ангели, славејќи со 60:99.
Избраниците на Дервишевиќ го контролираа резултатот во текот на целиот натпревар и заслужено стигнаа до петтата победа во сезоната.
Петмина кошаркари беа двоцифрени, а младиот Грбовиќ запиша двоен ефект со 15 поени и 10 скока. Златевски и Метјус постигнаа по 14 поени, Рахама додаде 12, а Николовски уште 11. Кај Ангели единствено новакот Рубин Стефанов имаше двоцифрен учинок, со 13 поени во својот прв настап.
На табелата води ТФТ со 21 бод, пред МЗТ Скопје Аеродром со 20, додека Пелистер, Куманово и Кожув имаат по 18. Маџари е на шестата позиција со 17, Работнички седми со 16, Феникс осми со 17, Тиквеш Голден Игл деветти со 16, Чаир десетти со 15, Гостивар единаесетти со 14, а Ангели остануваат на последното место со 13 бодови.