Ракомет

Три македонски и една екипа од странство на турнирот „Атлетик и пријателите“

Три македонски и една екипа од странство на турнирот „Атлетик и пријателите“

Женскиот ракометен клуб Атлетик во последните денови од јануари ќе биде организатор на меѓународен турнир „Атлетик и пријателите“ кој ќе се одржи во малата сала од спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

На турнирот покрај Атлетик, ќе учествуваат и екипите на Куманово, Вардар и Будуќност 2. Екипите се играат секој против секого, а победник ќе биде онаа која што ќе освои најмногу бодови.

Распоред на натпреварите:

30 јануари (петок)
16:00 Атлетик – Вардар
18:30 Будуќност 2 – Куманово

31 јануари (сабота)
16:00 Будуќност 2 – Вардар
18:30 Атлетик – Куманово

1 февруари (недела)
12:00 Будуќност 2 – Атлетик
14:30 Куманово – Вардар

Влезот за сите натпревари ќе биде слободен.

To top