Фудбалерот на актуелниот италијански фудбалски клуб Наполи, Лоренцо Лука, се пресели во редовите на Нотингем Форест како позајмен играч објавија медиумите од Италија.
Договорот меѓу двата клуба вклучува и опција Нотингем Форест да го откупи договорот на италијанскиот напаѓач за сума од 34,8 милиони фунти.
-Лоренцо е играч кој носи специфични квалитети во нашиот тим и многу сме задоволни што ни се придружи.
Тој играше на највисоко ниво во различни земји и доаѓа со добра комбинација од искуство и простор за понатамошен развој, изјави спортскиот директор на Нотингем Форест, Еду Гаспар.
Пред Наполи, Лука играше за Виченца, Торино, Палермо, Пиза и Удинезе.