Останати спортови

Најстариот нордиски куп на Балканот подготвен за своето 62. издание

Најстариот нордиски куп на Балканот подготвен за своето 62. издание

На 24 и 25 јануари, најстариот нордиски куп на Балканот повторно ќе ги собере најдобрите скијачи на едно место. Натпреварот се одржува во чест и сеќавање на загинатите градители на хидросистемот „Маврово“.

„Мавровскиот меморијал не е само традиционален натпревар, тој е гордост за македонското скијање и дел од нашата спортска историја.

Со секое ново издание ја чуваме оваа традиција, ги поддржуваме и мотивираме младите спортисти да се развиваат и да го даваат најдоброто од себе, а истовремено ја промовираме Македонија како привлечна дестинација за зимски спортови.“, вели г-дин Дејан Пановски, претседател на СФМ.

Настанот е во организиција на Скијачка федерација на Македонија (СФМ), во соработка со Меѓународната скијачка федерација (FIS) и ски-клубот Мирна Долина, а со поддршка на Министерството за спорт, ЕЛЕМ и УНИБанка.

 

To top