Свет

ЕУ сè уште има дилеми околу усогласеноста на Одборот за мир за Газа со Повелбата на ОН

Евентуалното вклучување на ЕУ во Одборот за мир во Газа мора да биде целосно во согласност со принципите на Унијата кон регионот на Блискиот Исток и во соработка со САД и другите учесници, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Ануар Ел Ануни.

– Имаме прашања во врска со голем број аспекти на Повелбата на Одборот за мир, поврзани со неговиот опсег, управувањето и компатибилноста со Повелбата на Обединетите нации, додаде Ел Ануни во одговор на новинарско прашање дали Европската комисија ја прифатила поканата од американскиот претседател Доналд Трамп за учество во Одборот.

Тој додаде дека ЕУ активно разговара и останува во близок контакт со САД околу Одборот за мир и во врска со ситуацијата во Газа.

– Важно да се запомни дека за нас како Европска Унија, клучно и суштинско е Обединетите нации и Повелбата на ОН да останат во центарот на меѓународниот систем. Оваа Повелба ја претставува основата на меѓународното право и колективната безбедност. Да се потсетиме и дека ова е клучен принцип вграден во основачките договори на Европската Унија, рече Ел Ануни.

На прашање за коментар на одлуката на „две земји членки на ЕУ“ да учествуваат во Одборот, главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо изјави дека тоа а нивна одлука и Комисијата нема надлежност да се меша во тоа.

To top