Никола Јокиќ блескаше на соочувањето со Вашингтон Визардс или поточно го предводеше неговиот Денвер Нагетс до славје во американската престолнина со 42 поени, 12 скока, 8 асистенции, 2 украдени топки и 2 блокади.
Ова издание само потврди дека Србинот е во извонредна форма, а тоа го препознаа и домашните фанови кои на крајот на средбата скандираа „МВП, МВП“ што навистина ретко се случува некој играч да добие такво признание на гостински терен.
-Тоа е уникатно. Тоа не се случува често, препознаа колку голем играч е. Мислам дека на тој начин препознаваат се што има направено – момче кое двапати беше МВП во лигата и кој на франшизата и го донесе првиот шампионски прстен и исто така беше МВП на финалето. Повторно беше феноменален, -истакна тренерот на Нагетс, Мајк Мелоун.
MVP chants for Nikola Jokić in Washington, D.C. 🔊
He scored a season-high 42 points over the Wizards without a single 3-point attempt
42 pts [15-20 FG] | 12 rebs | 8 ast#MileHighBasketball pic.twitter.com/1AVILijTFU
— NBA Serbia (@NBASrbija) January 22, 2024