Финскиот претседател Александар Стуб денеска на работен појадок во Давос, каде што се одржува Светскиот економски форум, изјави дека верува оти Украина, САД и Европа ќе се договорат за „добар пакет“ за создавање траен мир.
Стуб рече дека се согласува со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дека поддршката за Украина мора да продолжи, објавува Гардијан.
Тој нагласи дека Финска, нова членка на НАТО, може да направи многу во однос на безбедноста на Арктикот и оцени дека рускиот претседател Владимир Путин не успеал во секоја од своите стратешки цели.
Стуб рече дека Путин сакал да ја преземе Украина и да ја направи руска, во што верува дека нема да успее, и дека земјата ќе стане членка на Европската Унија, а во исто време, рускиот претседател сакал да го спречи проширувањето на НАТО со напаѓање на Украина, со цел наместо тоа да добие две значајни воени сили во алијансата, Финска и Шведска.
Тој исто така рече дека не се согласува дека Русија ја добива војната во Украина, бидејќи губи 1.000 војници дневно, а економијата на земјата слабее, со висока инфлација и високи каматни стапки.