Четботот „ChatGPT“ кој луѓето го користат корисниците за различни цели, од барање совет до одговарање на сложени прашања, го дал своето предвидување за тоа како би можел да изгледа светот за 50 години или во 2076 година.
Предвидување на „ChatGPT“ за 2076 година
Кога бил прашан „Како ќе изгледа светот за 50 години?“, четботот го понудил следниов одговор: „За 50 години, светот ќе биде потопол и поограничен од климатските промени, со преобликувани крајбрежни линии и градови редизајнирани да бидат погусти, позелени и поотпорни“.
„Вештачката интелигенција и биотехнологијата ќе бидат вградени во секојдневниот живот – во голема мера невидливо – пoдобрувајќи го здравјето, преобликувајќи ја работата и замаглувајќи ги границите помеѓу човекот и машината, додека вистината, приватноста и моќта ќе станат потешки за дефинирање“, се наведува во одговорот.
„Иднината ќе биде дефинирана помалку од самата технологија, а повеќе од тоа кој ја контролира, создавајќи свет во кој нееднаквоста и човечкиот просперитет постојат рамо до рамо“.
Други идни проекции
Според проекциите на банката „Голдман Сакс“, тогаш се очекува со глобалната економија да доминираат Индија, Кина и САД. Слично на предвидувањето на „ChatGPT“, се верува дека до 2076 година светот ќе се префрли на обновливи извори на енергија, додека фосилните горива ќе бидат минато.
Исто така, се предвидува дека суперсоничните авиони и возови ќе станат вообичаени, како и автомобилите што се управуваат самостојно.
Процените на Обединетите нации имплицираат дека растот на глобалната популација ќе биде близу до нула за педесет години. Некои проекции, исто така, сугерираат дека луѓето би можеле да основаат населби на Марс до 2076 година.