Останати спортови

Ауди со амбиции да стане најуспешниот тим во Формула 1

Ауди со амбиции да стане најуспешниот тим во Формула 1

Извршниот директор на Ауди, Џонатан Витли, зборуваше за амбициите на германскиот производител на автомобили, кој ќе дебитира во Формула 1 во 2026 година.

Тимот претходно се натпреваруваше како Заубер.

-Не сме тука за да седиме настрана – ова е амбициозен проект. Во исто време, имаме скромен пристап, знаеме од каде почнуваме и каде сакаме да бидеме. Сакаме да го направиме Ауди најуспешниот тим во Формула 1 во историјата. Има предизвици по патот, а ние почнуваме денес, изјави Витли.

Од Ауди си поставија граница до 2030 година да достигнат највисоко ниво на трките и да се борат за титули.

Новата сезона во Формула 1 ќе почне во март со етапата во Австралија.

To top