Сè повеќе луѓе ја сфаќаат исправноста на рускиот став, изјави синоќа специјалниот пратеник на рускиот претседател Кирил Дмитриев по состанокот во Давос со специјалниот пратеник на американскиот претседател Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп.
Тие се состанаа на маргините на Светскиот економски форум во Давос за да разговараат за решавање на украинската криза, пренесе Спутник.
– Состаноците се конструктивни и сè повеќе луѓе ја увидуваат исправноста на рускиот став, изјави Дмитриев за новинарите по разговорот кој траеше повеќе од два часа.
Виткоф изјави дека неговите денешни разговори со Дмитриев поминале добро.
– Беа многу позитивни, изјави Виткоф за РИА Новости.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера рече дека главна тема на состанокот ќе бидат трговијата, економскиот и инвестицискиот развој, бидејќи, како што наведе, Русија поддржува обновување на тие односи. Покрај тоа, Дмитриев планира да пренесе информации за решавање на конфликтот во Украина, наведе портпаролот на рускиот претседател.