Ракомет по мечот со Романија

Лазаров: Македонскиот менталитет и главата нè чинеа и ова првенство за ТОП 12!

Завчера требаше да имаме напад за победа, сега исто. Лани во Вараждин исто имавме добиени натпревари. Македонскиот менталитет и главата повторно не чинеа. Кога ќе слегнат емоциите ќе видиме што сме направиле, изјави Лазаров. 

Лазаров: Македонскиот менталитет и главата нè чинеа и ова првенство за ТОП 12!

Селекторот на машката ракометна репрезентација Кире Лазаров по мечот со Романија даде свое видување на случувањата на теренот во Хернинф.

-Сум задоволен од тоа што победивме и кога ќе сумираме се треба да сме задоволни од тоа што направивме во овие три натпревари. Видовте дека Романија е цврста и силна репрезентација. Се смеам, но жал ми е што почнавме добро и како да се изненадивме дека уште во прво полувреме може да водиме и седум разлика. Како тренер се чувствував немоќно по првото полувреме бидејќи бевме многу подобри, но промашените зицери не чинеа, рече тој.

Селекторот посочи дека мислеле дека во второ полувреме ќе бидат подобри, но не беше така.

-Не сакам само да звучам како да се жалиме, но Маркоски ни се повреди, Аларов доби црвен картон. Сепак, не беше проблем нашата дефанзива, туку нашиот напад, видовте дека нивниот голман беше одличен. Се надевав дека ќе добиеме малку повеќе разлика, но тоа е што е. Надежта последна умира, но знаете 17 разлика е невозможно. Можевме да направиме повеќе и поради тоа жалам. Сакавме во топ 12 и заслуживме, но тоа е што е. Завчера требаше да имаме напад за победа, сега исто. Лани во Вараждин исто имавме добиени натпревари. Македонскиот менталитет и главата повторно не чинеа. Кога ќе слегнат емоциите ќе видиме што сме направиле, изјави Лазаров.

To top