Ракомет Европско првенство

Кузмановски: Мора да сме задоволни од настапот и победата

Македонија ја завршува групната фаза со победа, реми и пораз и три освоени бода. Славјето носи придобивки за иднината, бидејќи ќе играме само еден бараж за следното Светско првенство кое ќе се одржи во Германија.

Кузмановски: Мора да сме задоволни од настапот и победата

По натпреварот задоволство за одиграното првенство не го криеше капитенот на македонската машка ракометна репрезентација Филип Кузмановски

„Мора да бидеме задоволни со победа на Европско првенство. Можеби очекуваме повеќе, поквалитетни сме од резултатот, но со голем притисок влеговме во вториот дел за да бркаме разлика за да дојдеме до главната група. Не успеавме во тоа, треба да бидеме свесни дека имаме квалитет за нешто повеќе и мислам дека заслуживме да бидеме во главната групна фаза. Горд сум на момците, одигравме уште еден добар меч, покажавме дека веруваме во себе и оваа генерација ветува многу за иднината. Тоа треба да го покажеме на теренот. Да победевме со поголема гол-разлика, ќе се надевавме на нешто. Вака ќе уживаме во мечот и треба да бидеме среќни со победата. Фала за цела Македонија, за навивачите. Одиме понатаму“.

To top