Свет Oткако СДФ денеска се повлекоа од кампот Ах Хол

Сириската армија еднострано прогласи прекин на огнот

Објавувањето на привременото прекин на огнот уследи откако СДФ денеска се повлекоа од кампот Ах Хол во покраината Хасака, североисточна Сирија, во кој се сместени илјадници луѓе поврзани со Исламска држава.

Сириската армија еднострано прогласи прекин на огнот

Сириската армија денеска прогласи нов четиридневен прекин на огнот со курдските сили.

Сириските демократски сили (СДФ) сè уште не одговориле на предлогот на сириската армија.

Објавувањето на привременото прекин на огнот уследи откако СДФ денеска се повлекоа од кампот Ах Хол во покраината Хасака, североисточна Сирија, во кој се сместени илјадници луѓе поврзани со Исламска држава.

Во кампот Ах Хол живеат претежно жени и деца кои се членови на семејствата на борците на ИД или лица обвинети за поврзаност со групата. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top