Занимливости

50 години пештерски живот, далеку од цивилизацијата

Длабоко во планините на кинеската провинција Хубеј, скриена под карпа и заштитена со шума, се наоѓа необична куќа изградена во пештера, каде веќе повеќе од половина век живее Јанг. Тој свесно избрал живот далеку од современиот свет, во дом без вода, струја и клима уреди. До куќата се стигнува по тесен и стрмен пат, оддалечен само 300 метри од асфалтираниот, но невидлив за минувачите.

Пештерата природно го штити од дожд, ветер и екстремни температури, а Јанг вели дека зиме е топло, а лето, пријатно, ладно. Природните ѕидови од камен, земја и дрво создаваат стабилен амбиент, без влага која би ја оштетила конструкцијата. Во неа се наоѓаат природни извори и базени со бистра вода која постојано капе од ѕидовите, а тој ја собира и складира за најразлична потреба. Струја добива од блискиот столб, а за готвење и загревање користи дрва од околината.

Во минатото одгледувал стока, но денес одржува мала градина и собира лековити билки кои ги продава во околните села. По смртта на родителите, неговите пет браќа и сестри го напуштиле планинското подрачје, но Јанг по свој избор продолжил да живее таму. За него, тишината и оддалеченоста од светот не се товар, туку спокој за душа и тело.

To top