Останати спортови Скандал во Струмица

Српските одбојкари не се појавија на мегдан против Косово

Српските одбојкари не се појавија на мегдан против Косово

Скандал го одбележа последниот ден од натпреварувањето на квалификацискиот турнир за ЕП за одбојкари до 18 години што се одржуваше во Струмица, откако српските одбојкари не се појавија на терен на дуелот против врсниците од Косово.

Тоа требаше да биде меч за петтото место на турнирот, но репрезентативците на Косово беа единствените кои се појавија на теренот во салата „Парк“ во Струмица.

Официјалното образложение од Српската Одбојкарска Федерација гласеше дека девет одбојкари биле болни и поради висока температура и вирус не можеле да настапат, но од косовскиот табор се жалат дека станувало збор за политичка причина и ќе бараат дополнителна санкција за Србија.

Македонската селекција го освои четвртото место на овој квалифиакциски турнир откако во денешниот дуел за третата позиција нашите одбојкари загубија од Турција со 0-3 во сетови (20-25, 15-25, 16-25).

To top