Во НБА лигата кошаркарите на Детроит славеа против Бостон со 104-103 дома, во еден од најнеизвесните дуели синоќа во НБА лигата.
Детроит го предводеше Тобијас Харис со 25 поени, а Џејлен Дуран додаде 18. Џејлен Браун ги предводеше Селтикс со 32 поени, додека Пејтон Причард додаде 17.
Голден Стејт го победи Мајами со 135-112 дома за нивната четврта победа по ред. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Брендин Подземски со 24 и Стеф Кари со 19 поени.
Кошаркарите на Филаделфија ја победија Индијана со 113:104 на домашен терен. Најзаслужни за победата на Филаделфија беа Џоел Ембид со 30 и Тајрис Макси со 29 поени, додека Ендру Нембхард и Паскал Сиакам се истакнаа за поразениот тим со 25 и 24 поени.
Феникс славеше на гости против Бруклин со 126:117, додека Лос Анџелес Клиперс ја забележаа својата шеста последователна победа откако славеа на гости против Вашингтон со 110:106.