Пред мечот со Романија за македонската јавност се обрати и Михаил Аларов, кој го анализира одиграното и го најави следниот меч.
„За мене лично, многу е возбудливо што како за прво Европско првенство имав два толку тешки противници. Сепак, многу сум среќен за одиграното, за тимскиот дух и играта против Португалија. Со ова се крева самодовербата за понатаму.
Романците играат различен стил од првите два противници. Наизглед се покорпулентни и високи, не верувам дека играат брз ракомет како Данска и Португалија, ама се доста цврсти во одбрана. Очекувам доста тврд натпревар.
„Фалангата“ остава огромна трага, огромна поддршка се за нас. Се слушаат сите гласови и свирки. Се чувствува инаетот и кај нив, а доста нè поттикнува нас да дадеме максимум во тешките моменти“, изјави Аларов.