На мечот со Португалија на ЕП правдата ја делеа судии од Босна и Херцеговина, а на клучниот дуел со Романците повторно ќе имаме судии од Балканот.
Се работи за Словенците Бојан Лах и Давид Сок, а делегати ќе бидат Хрватката Лидија Бојиќ Чачиќ и Израелецот Шломо Коен.
Избраниците на Кирил Лазаров се среќаваат со Романија во вторник во 18:00 часот.
На Македонија ѝ е потребна победа, но и висок триумф на Данска над селекцијата на Португалија.