Останати спортови

Ентони Џошуа се врати на тренинг за помалку од 20 дена по сообраќајната несреќа

Ентони Џошуа се врати на тренинг за помалку од 20 дена по сообраќајната несреќа

Додека беше во Нигерија познатиот боксер Ентони Џошуа со двјаца свои пријатели и соработници беше во автомобилот кој се удри во паркиран камион.

Во несреќата загинаа двајцата пријатели на Џошуа, додека боксерот помина со полесни повреди затоа што седеше на другата страна од автомобилот.

Неполни 20 дена од таа трагедија, Џошуа испрати видео клип на кој се гледа како повторно тренинра, а во кратката порака што ја испрати, напиша „Јас сум борец“.

Едноставно Џошуа мора да биде ментално силен да ја надмине трагедијата

 

To top