Регион Народно собрание

Падна Владата во Република Српска: Парламентот ја прифати оставката на премиерот

Миниќ изјави дека поднесе оставка „за да ги зајакне капацитетите на РС“, за која тврди дека е под постојани напади од Сараево и од меѓународната заедница.

Падна Владата во Република Српска: Парламентот ја прифати оставката на премиерот

Народното собрание на Република Српска на денешната вонредна седница ја прифати оставката на премиерот Саво Миниќ, со што падна владата.

Миниќ изјави дека поднесе оставка „за да ги зајакне капацитетите на РС“, за која тврди дека е под постојани напади од Сараево и од меѓународната заедница.

Тој всушност поднесе оставка за да избегне Уставниот суд на Босна и Херцеговина неговото именување да го прогласи за неуставно, со што автоматски следи и смена на цела влада.

Уставниот суд на БиХ требаше следната недела да се изјасни дали именувањето на Миниќ е законско или не. Милорад Додик, во август минатата година го предложи Миниќ за премиер на РС, кога беше правосилно осуден на една година затвор и му беше одземен претседателскиот мандат. (МИА)

To top