Ракомет

Велковски: Сигурен сум дека ќе биде подобро против Португалија

Велковски: Сигурен сум дека ќе биде подобро против Португалија

Десниот бек на македонската машка ракометна репрезентација Мартин Велковски истакна дека Португалија е фаворит, но потенцираше дека не е на нивото на Данска и дека некои работи ќе зависат од нашите ракометари.

„Португалија е фаворит, посебно заради резултатите од последното Светско првенство и вчерашната победа над Романија.

Сепак, се ниво подолу од Данска, а и некои работи зависат од нас. Со поголема самодоверва и верба во тимот, можеме да играме подобар напад и да ги намалиме головите од транзиција на противникот.

И покрај лошиот резултат вчера, се обидовме да го пратиме данскиот ритам шеесет минути. Сигурен сум дека ќе биде подобро против Португалија. Имаат 2-3 измени одбрана-напад и очекувам повеќе голови од транзиција“, рече Велковски.

To top