Ракомет

Кузмановски: На мечот против Португалија максимално од прва до последна минута

Кузмановски: На мечот против Португалија максимално од прва до последна минута

Капитенот на македонската машка ракометна репрезентација Филип Кузмановски ги искажа своите очекувања пред  натпреварот со Португалија и смета дека со добра и борбена можеме да ја оствариме посакуваната цел, а тоа е победа.

„Португалија игра сличен ракомет како Данска, брза транзиција и брз напад. Затоа треба овој натпревар да го отвориме подобро од тој со Данска и да се бориме во текот на сите шеесет минути. Во овие дваесет дена подготовки потајно се подготвуваме токму за натпреварот со Португалија.

Знаевме дека Данска е фаворит, па затоа посебно се спремавме за Португалија и Романија, бидејќи ако сакаме да ја поминеме групата мораме да победиме на овие натпревари. Добро сме подготвени, вчера покажавме дека со добра ротација можеме да се носиме и физички. Веруваме за поволен резултат против Португалија, но тоа треба да го покажеме на терен и без респект да влеземе во овој натпревар.

Ни значи многу, ќе одиграме борбено 60 минути како што секогаш играла Македонија и сите ќе изгинеме на теренот. На крај сите да се радуваме, и да се пласираме во вториот круг. Можеби многумина не веруваат во тоа, но сите ние тука искрено веруваме дека го можеме тоа“ изјави Кузмановски.

To top