Нашите ракометни репрезентативци немаа сили да му парираат на актуелниот светски и олимписки шампион Данска,а за нас следуваат мечевите со Португалија и Романија на ЕП.
„Мислам дека не сме играле против посилен ривал од оваа Данска. Ривалот имаше брза контра, полуконтра, центар и по секоја техничка грешка нè казнуваше.
Сите сме максимално подготвени за она што ни следи понатаму. Помина Данска, фокусот е на Португалија“, рече Стојковиќ.