По стартниот пораз на шампионатот против Данска свој коментар за поразот даде и капитенот на нашата селекција Филип Кузмановски.
„Честитки до Данска, во грч го отворивме мечот, но против Португалија и Романија ќе бидеме поопуштени. Ќе направиме анализа, тоа што го кажавме пред ова првенство дека со Данска ќе пробаме да изненадиме, но навистина е тешко. Се работи за фаворит за злато. Нашиот таргет се Португалија и Романија, ако ги поправиме грешките и ако бидеме послободни, без респект, со верба во себе, можеме да бидеме далеку подобри од овој меч. Кога ќе ги анализираме сите мечеви, имаме многу технички грешки и промашени зицери, но се трудиме да го поправаме. Мора да сме на минимум на следните мечеви ако сакаме да победиме. Подготовките направивме анализа на сите селекции, добро познаваме од каде доаѓа опасноста на Португалија. Тие исто така трчаат. Данска беше добар тест за она кое не чека против Португалија“