Свет

ЕУ ги продолжи санкциите за поддржувачите на Хамас и Исламски џихад за уште една година

Советот на ЕУ денеска донесе одлука за продолжување на постојните санкции кон оние кои ги поддржуваат, олеснуваат или овозможуваат насилни активности на групите Хамас и Палестински исламски џихад, за уште една година до 20 јануари 2027 година.

Со одлуката од листата на санкционирани е отстрането едно починато лице, со што во моментов на неа се наоѓаат вкупно 11 поединци и три субјекти.

На санкционираните им е замрзнат имотот во ЕУ, а на граѓани и компании од Унијата им е забрането да им ставаат на располагање средства и финансии. Дополнително, физичките лица подлежат и на забрана за патување, влез или транзит низ земјите членки на ЕУ.

Оваа рамка на санкции за поддржувачите на Хамас и Исламски џихад е воспоставена 19 јануари 2024 година, по нападите од страна на Хамас на територијата на Израел во октомври 2023 година.

To top