Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов информира дека е изграден мост во близина на училиштето во Едрениково.
„Се решава долгогодишен проблем и значително се подобрува безбедноста на учениците и жителите, како и секојдневното движење низ населеното место. Децениско барање на граѓаните – конечно реализирано.
Продолжуваме со конкретни проекти и одговорна работа за секое населено место“, информира преку својот ФБ профил, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, во врска со последните реализирани активности во делот на инфраструктурата во населеното место Едрениково.