Без вода во моментов е дел од општина Чаир, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Причината била уличен дефект, а прекинато е водоснабдувањето за корисниците од улиците „Алберт Станиќ“ и „Јосиф Михајлов“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.