Свет

Шаја Мохсен Зиндани именуван за премиер на Јемен

Претседателскиот совет на Јемен, поддржан од Саудиска Арабија, ја прифати оставката на премиерот Салем бин Браик и го именува министерот за надворешни работи Шаја Мохсен Зиндани за нов премиер

Шаја Мохсен Зиндани именуван за премиер на Јемен

Претседателскиот совет на Јемен, поддржан од Саудиска Арабија, ја прифати оставката на премиерот Салем бин Браик и го именува министерот за надворешни работи Шаја Мохсен Зиндани за нов премиер.

Изминатите месеци Јемен е причина за зголемените тензии помеѓу Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Сепаратистичкиот Јужен преоден совет (СТЦ), поддржан од ОАЕ, минатиот месец презеде контролата врз делови од јужен и источен Јемен, напредувајќи кон саудиската граница, што Ријад го оцени како закана за својата национална безбедност. Борците поддржани од Саудиска Арабија во голема мера ја вратија контролата врз тие области.

СТЦ, кој има поддршка од ОАЕ, претходно се бореше заедно со јеменските владини сили против Хутите, но последните години ја презедоа контролата врз Аден и големи делови од јужниот дел на земјата и сега се бори за независност на јужен Јемен.

Саудиска Арабија и ОАЕ се дел од коалицијата што се бори против бунтовниците Хути, поддржани од Иран, во Јемен. Граѓанската војна во Јемен доведе до една од најлошите хуманитарни кризи во светот.

To top