Ракомет

Раул Гонзалез: На Лазаров и Македонија им посакувам сè најдобро

Раул Гонзалез: На Лазаров и Македонија им посакувам сè најдобро

Шпанскиот стратег Раул Гонзалес најмногу е незадоволен од начинот на кој неговиот тим го отвори натпреварот, но верува дека против Германија ќе се види најдоброто од оваа репрезентација на Србија.

„Тешко беше за нас, одигравме катастрофално на стартот, направивме многу грешки и промашивме три пенали. Во вториот дел бевме нешто подобри, но не издржавме до крај. Треба да ја подобриме одбраната, но и нападот. Сега треба да се фокусираме на натпреварот со Германија. Никогаш не се знае, но јас мислам дека ќе бидеме подобри против бундес-тимот“, вели Шпанецот.

Раул Гонзалез додаде дека во Хернинг ќе ги следи натпреварите на Македонија, за која смета дека има шанси за пласман во втората фаза.

„На Македонија ѝ посакувам сè најдобро, на Киро и на играчите. Мислам дека Македонија има шанси за втора фаза на овој шампионат, но ќе биде многу тешко“, додаде шпанскиот тренер.

To top