Хроника

Пешак тешко повреден во Скопје, возачот бил 16 годишен малолетник

Пешак тешко повреден во Скопје, возачот бил 16 годишен малолетник

На 14.01.2026 околу 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје, удрило во пешакот М.И.(57) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, информира МВР.

По целосно дококументирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top