Црногорскиот кошаркар Никола Вучевиќ, постигна 35 поени, имаше седум скока и пет асистенции во победата на Чикаго булс над Јута џез ноќеска на домашен терен. Вучевиќ го постигна победничкиот кош на четири секунди пред крајот на натпреварот.
Резултати на натпреварите од НБА-лигата играни ноќта среда кон четврток:
Индијана – Торонто 101:115
Филаделфија – Кливленд 107:133
Чикаго – Јута 128:126
Њу Орлеанс – Бруклин 116:113
Далас – Денвер 109:118
Сакраменто – Њујорк 112:101
Ла Клиперс – Вашингтон 119:105.
На табелата во Источната конференција води Детроит со 28 победи и 10 порази, на Запад лидер е Оклахома со ефект 34-7. (МИА)