Свет

Сириската армија отвора коридор за евакуација на цивилите од покраината Алепо

Сириската армија најави дека денеска ќе отвори коридор за евакуација на цивилите од подрачјето на покраината Алепо откако се интензивира судирот помеѓу владините и курдските сили во истоимениот град

Сириската армија отвора коридор за евакуација на цивилите од покраината Алепо

Сириската армија најави дека денеска ќе отвори коридор за евакуација на цивилите од подрачјето на покраината Алепо откако се интензивира судирот помеѓу владините и курдските сили во истоимениот град.

Цивилите ќе можат да се евакуираат низ „хуманитарен коридор“ од девет до 17 часот.

Евакуацијата на цивилите може да се протолкува и како најава на сириските сили за офанзива врз градовите Деир Хафер и Маскана и околните области, околу 60 километри источно од градот Алепо.

Армијата исто така, ги повика Сириските демократски сили (СДФ), предводени од Курдите и другите вооружени групи, да се повлечат на источниот брег на реката Еуфрат.

Најнови вести од Свет

To top