Свет

Иранскиот министер за правда вели дека уапсените демонстранти се „дефинитивно виновни“

Иранскиот министер за правда Амин Хосеин Рахими ги стави под општ сомнеж сите учесници во демонстрациите од четвртокот, зборувајќи за „граѓанска војна“, пренесе ДПА.

Иранскиот министер за правда вели дека уапсените демонстранти се „дефинитивно виновни“

Иранскиот министер за правда Амин Хосеин Рахими ги стави под општ сомнеж сите учесници во демонстрациите од четвртокот, зборувајќи за „граѓанска војна“, пренесе ДПА.

– Секој кој е уапсен во овој период е дефинитивно виновен затоа што бил таму, изјави Рахими на маргините на денешниот состанок на владата.

Последниот бран протести беше поттикнат од тешката економска криза во Иран на крајот на декември, кога трговците во главниот град Техеран први излегоа на улиците. До тој момент немаше апсења, рече Рахими.

Минатиот четврток протестите ескалираа откако Реза Пахлави, синот на шахот кој беше соборен во 1979 година, повика на масовни демонстрации. Пахлави е во егзил во Соединетите Американски Држави.

– Ова веќе воопшто не беше протест, туку вистинска граѓанска војна, рече Рахими, најавувајќи дека судството ќе преземе строги мерки.

– Нема да има попустливост за оние кои учествуваа во уништување и убиства, односно за терористичките актери, рече Рахими, додавајќи дека дури и оние кои беа само дел од протестите се виновни.

Самото учество е кривично дело, бидејќи произлегува од „нелегален“ повик за акција, изјави тој.

Агенцијата за човекови права Human Rights Activists News Agency (HRANA) со седиште во САД соопшти дека се убиени повеќе од 2.400 демонстранти, бројка што би го направила ова задушување на протестите најсмртоносно во поновата историја на Иран. Овој биланс не можеше да биде независно потврден, потенцира ДПА.

Теми на денот

To top