Свет

Денис Шмихал назначен за прв вицепремиер и министер за енергетика на украинската влада

Врховната рада на Украина денеска го поддржа назначувањето на Денис Шмихал за прв вицепремиер и министер за енергетика, а за предлогот гласаа 248 пратеници, објави „Укринформ“.

Денис Шмихал назначен за прв вицепремиер и министер за енергетика на украинската влада

Врховната рада на Украина денеска го поддржа назначувањето на Денис Шмихал за прв вицепремиер и министер за енергетика, а за предлогот гласаа 248 пратеници, објави „Укринформ“.

Шмихал веднаш потоа положи заклетва како член на кабинетот на министрите на пленарната седница на Врховната рада, со што автоматски ја презеде функцијата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го номинира поранешниот министер за одбрана да го води енергетскиот сектор, кој е погоден од обвинувања за корупција и руски напади врз инфраструктурата.

Последниот министер за енергетика беше разрешен минатата година во корупцискиот скандал, во кој беше вмешан и неговиот претходник.

Украинските пратеници вчера не го одобрија назначувањето на Шмихал за министер за енергетика затоа што не ги доби потребните 226 гласа бидејќи 210 пратеници гласаа за него, а три опозициски партии се воздржаа.

Пред денешната седница некои пратеници од опозицијата ја критикуваа прераспределбата на министерските места во воено време.

Врховната рада вчера ги поддржа оставките на првиот вицепремиер – министерот за дигитална трансформација – Михаил Федоров, министерот за одбрана – Денис Шмихал и началникот на Безбедносната служба на Украина – Василиј Малјук. Истиот ден парламентарниот Комитет за енергетика и домување и комунални услуги го поддржа назначувањето на Денис Шмихал за прв вицепремиер – министер за енергетика.

На 4 март 2020 година Шмигал беше назначен на функцијата премиер на Украина и ја држеше оваа функција најдолго време во историјата на таа земја, а од 17 јули 2025 година беше на функцијата министер за одбрана.

Теми на денот

To top